ВЕСТИСВЕТ

Туск: Почна нова ера на војни во Европа

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека светот мора да го прифати фактот дека дојде нова ера на војна, опишувајќи ја како најкритичен момент од крајот на Втората светска војна, во која следните две години ќе бидат одлучувачки за сѐ, пренесува Анадолу.

„Живееме во најкритичното време од крајот на Втората светска војна. Следните две години ќе бидат одлучувачки за сè“, рече Туск во интервју за европски весници.

„Не сакам никого да плашам, но војната повеќе не е нешто од минатото. Таа е реална (и) всушност започна пред повеќе од две години. Тоа што во моментов е највознемирувачко е фактот дека буквално секое сценарио е можно“, рече Туск.

„Разбирам дека ќе звучи поразително, особено за помладата генерација, но мора психички да се подготвиме за доаѓањето на новата ера. Предвоена ера. Не претерувам.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button