МАКЕДОНИЈА

Учениците од тетовските училишта со редовни посети во Косово и Албанија

Учениците од тетовските училишта ќе имаат редовни посети на туристичките градови во Косово и Албанија и обратно. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, изјави дека на овој начин младите од трите држави поблиску ќе ги запознаат соседите и ќе учествуваат во развојот на туризмот. Тетово денеска го посетија десетици градоначалници од Косово и амбасадорот на Албанија во Косово. На средбите се разговараше за заеднички проекти.

„Од оваа организација ќе треба да произлезе и конкретна иницијатива за план бидејќи кога зборуваме за редовни посети на ученици како дел од екскурзиите што ги правиме во училиштата, ќе ни треба некој механизам за да се надоврзе на тоа. Нашите ученици, нашите деца, како што беше и во минатото, ќе треба подобро да ги запознаат градовите, регионот и земјите од регионот, бидејќи само така можеме да одиме обединети во Европа“, рече Касами.

„Помеѓу трите влади, Косово, Северна Македонија и Албанија, имаше заеднички седници, како Косово со Северна Македонија, Албанија со Косово. Од друга страна, сакаме да се интегрираме сите заедно во овој регион во една многу важна сфера како што е туризмот. Локалната самоуправа има важна улога дополнително да ги детализира одлуките што ќе ги донесат нашите соодветни Влади“, рече Ќемал Минџози, амбасадор на Албанија во Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button