ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Замрзнатите“ цени корисни само ако мерката трае со месеци

Замрзнувањето на цените на храната може да даде сериозен резултат во намалувањето на инфлацијата само ако продолжи и во следните месеци. Експертите велат дека првото воведување на оваа мерка пред две години веднаш направи стабилизација на цените, но власта тогаш многу брзо ја прекина. Затоа сега замрзнатите цени на основните прехранбени производи треба да бидат во сила подолг период за граѓаните да почувствуваат подобрување на куповната моќ. Следно треба да се ограничи и намали цената на месото, вели економистот Бранимир Јовановиќ, кој во Владата на Заев беше советник во Министерството за финансии.

„Прашањето е всушност е многу едноставно, дали сте за сиромашните или сте за крупниот капитал, за кого работите?“, вели Јовановиќ.

Македонија е земја која нема голема конкурентност на пазарот и тоа е една од причините за ваквите ценовни турбуленции, додава економскиот аналитичар Абил Бауш.

„Би отишол на варијанти како украинското жито во моментов е многу поевтино и со транспорт од Бугарија да го донесете тука е многу поевтино од тоа што се носи од Србија и сите тие давачки кои ќе направат конкурентска подлога“, рече Бауш.

Експертите потврдија дека претходните мерки кои ги донесе Владата, како што се ограничување на маржите во трговијата и субвенционираната струја за прехранбениот сектор, не дадоа резултати. Напротив, најголем дел од производите добија повисоки цени.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button