ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

УНИЦЕФ изразува загриженост од растот на случаи со голема кашлица кај нас

УНИЦЕФ изразува загриженост од растот на случаи со голема кашлица кај нас

УНИЦЕФ изразува загриженост од растечкиот број случаи на голема кашлица во земјата и од вестите за случаи со мали сипаници во регионот и се придружува кон повикот на здравствените експерти, до родителите и старателите, да ги вакцинираат децата што пропуштиле вакцинација, се наведува во нивното соопштение.

– Благодарение на високите стапки на вакцинација во минатото, родителите денес ја имаат таа среќа да растат без да доживеат некој член од семејството, или пријател, да им почине или да има доживотни последици од болести, како што се мали сипаници или детска парализа. Сегашната епидемија од голема кашлица потсетува на важноста од одржување опфат со редовна вакцинација на децата над 90-95 отсто за да се постигне колективен имунитет, пишува во денешното соопштение на УНИЦЕФ.

Како што се додава, само со постигнување колективен имунитет можеме да ги заштитиме оние што не можат да се вакцинираат, како што се малите бебиња или лицата со слаб имунитет. За да ги заштитиме децата и заедниците, се подвлекува, важно е сите деца кои од која било причина, ја пропуштиле вакцината според националниот календар на имунизација, да ја примат вакцината.

– Вакцинирањето е една од најефективните мерки на заштита на децата и заедниците од сериозни болести. Докажано е дека вакцините се безбедни и глобално секоја година, тие спасуваат два до три милиони детски животи од сериозни болести. Вакцинирањето на децата е колективна одговорност. Ги повикуваме родителите и старателите – обезбедете им на своите деца онаква заштита, каква што вашите родители обезбедиле за вас во минатото. Имате моќ да го заштитите своето дете, другите деца и заедницата од болести, што може да се спречат со вакцини, што се докажано безбедни и високо ефикасни, се истакнува во соопштението на УНИЦЕФ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button