ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Условен затвор за гинекологот Мухамед Асани

Струшкиот гинеколог, Мухамед Асани, доби двегодишна условна казна затвор затоа што во приземјето на неговата семејна куќа во Струга давал здравствени услуги без дозвола. Во неа прегледувал во период од 2015-та до 2020-та година. Меѓу другите тој ја следел бременоста и на три родилки од Дебар, помеѓу кои и на Јилдиз Веапоска, која остана без бубрег, матка и јајник. За овој случај веќе се води судски спор против него, син му и уште една докторка. Обвинителството ги гони за тешки дела против здравјето на луѓето. За нелегалните прегледи од пациентките наплатувал од 1.000 до 1.200 денари и не им давал никаков документ за примените средства.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button