ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре од пладне ќе нема автобуси, не го чекајте бадијала ЈСП

Утре после пладне граѓаните е добро да смислат друга алтернатива за превоз низ Скопје, освен автобусите, тие ќе бидат паркирани пред Владата, пишува Алсат.

Вработените ќе штрајкуваат поради долгот од централната власт кон ЈСП. Од Град Скопје бараат Владата итно да го исплати долгот за компанијата да има пари за плати на вработените, но дури и со таа сума, ќе се покријат само платите за септември и октомври. Месечните трошоци за плати достигнуваат и до 65 милиони денари. Два милиони евра, велат од Град Скопје е долгот само од Министерството за образование за бесплатниот превоз на ученици и студенти, 40 милиони денари должат општините, а 90 милиони е наследен долг.

„Но, еден час подоцна градоначалничката на Град Скопје рече дека превоз ќе има и по 12 часот„ рече Зоран Глигоров – секретар на Град Скопје.

„Од Владата попладнево демантираа дека Министерството должи пари за ЈСП и обвинија дека всушност општините неодговорно менаџираат со средствата наменети за превоз на учениците„рече  Данела Арсовска – Градоначалничка на Град Скопје.

 

А и покрај оваа хаотична состојба во ЈСП, градоначалничката Арсовска и понатаму ветува бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Тој, како што тврди таа, ќе почне да се реализира во втората половина на следната година.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button