ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре во Скопје заедничка седница на македонската и косовската влада

Владите на Северна Македонија и на Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница на која, како што соопшти владиниот портпарол, Мухамед Хоџа, ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Во соопштението се додава:

Целта, почитувани е да се задржи контиунитетот во развивањето на добрососетските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји.

Придобивките од овие средби се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни на границата, проекти од заемен интерес, подобра меѓу гранична соработка и така натаму.

На заедничката владина седница ќе бидат потпишани низа договори односно меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави. Договорите/меморандумите се од областа на инфраструктурата, дијаспората, , енергетика, економија, туризмот, безбедност, иноваци и текнолошки развој и други.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button