ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЕВЕ ГРУП и Алсат Тв ги известија странските амбасади за нелогичната одлука на Судот

Компанијата „Веве Груп“ и телевизијата Алсат М,  загриженоста и сомневањата за политички притисок им ги пренесе на странските претставништва во земјава. Во писмото испратено на адреса на повеќе дипломатски претставништва, Веве Груп и Алсат М ги посочуваат  проблемите во правосудниот систем и реалната штета што директно им се заканува на националните медиуми на албански јазик во Северна Македонија. Од комапнијата  нагласуваат дека во отсуство на соодветен судски систем во земјава и за кој постојат основани сомневања дека носат одлуки врз политички притисок, има потреба правдата да се бара пред меѓународните судови.

„Веве Груп“ ги известува странските амбасади и мисии  во земјава за случајот со телевизијата АЛСАТ М. Со потпис на  извршиот директор, испратени се писма до странските претставништва во земјава, во кое се изразува загриженост за можен политички притисок, поради проблеми во судскиот систем и за меѓуинституционалните меѓувладини дефекти и недоследности. Во писмото се објаснуваат дефектите на системот, како и вистинската штета направена на националната телевизија АЛСАТ М во вршењето на нејзината самостојна дејност, притоа нагласувајќи ја загриженоста дека за овие дефекти или институционална и политичка злонамерност, правдата ќе се бара пред релевантните меѓународни судови. Разочарани од правосудниот систем во Северна Македонија, ќе бараме објективни решенија за овој случај, како во домашното, така и во меѓународното правосудство.

Хипотеката наследена од компанијата „Евро продукт“ која во 1993 година за свои потреби има земено кредит во Стопанска Бана Скопје со главна филијала во Куманово и која поради непочитување на исплатата завршила на суд во 1997 година, не е евидентирана во ниту еден имотен лист дури ни при склучувањето на договорот за купопродажба. Истата била активирана во 2013 година, а во 2016 година Веве Груп го добива судскиот процес. Во 2022 година кога предметот најпрво се реактивира од Министерството за финансии,  Веве Груп и Алсат повторно го добиваат случајот и барањето  за јавна продажба се става под привремена мерка, а неколку дена подоцна Апелациониот суд ја укинува оваа мерка и дел од имотот на Алсат го става на јавна продажба од почетокот на март. /Алсат.мк

Адријан Керими

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button