ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„ВИА Комерц“, Оливер Спасовски со месеци знаел за неправилностите

Министерот Оливер Спасовски пред јавноста не кажува дали чувствува одговорност за случајот со техничкиот центар „ВИА Комерц“. Во овој технички центар лани на 5 октомври била проверена исправноста на автобусот на „Беса Транс“ во кој во Бугарија на 23 ноември 2021 година изгореа 45 патници. Три дена подоцна, на 26 ноември, Спасовски издаде решение за привремено затворање на „ВИА Комерц“, иако уште во август знаел дека во центарот има неправилности. Прашањата за одговорноста и за дилемите зошто три месеци предметот се чувал во фиока, се добива впечаток дека Спасовски денеска ги одбегна.

„Затоа отвори Обвинителството истрага и ќе ги даде резултатите“, рече Спасовски.

Прашање: Кој е вашиот одговор за ова, бидјеќи Бирото за јавна безбедност уште во август ве извести дека има неправилности?

„Мојот одговор е дека имаме моментално истрага којашто се води и ќе ги даде резултатите…“

Прашање: Имаше и обвинителството проверки во МВР во два сектора, во кои?

„Таму каде што се издаваат овие документи, значи во Секторот за управни работи…, рече Спасовски.

Прашање: „Вие одговорност чувствувате? Повторно ќе ве прашам…

„Тоа ќе го покажат институциите коишто водат истраги за таа работа…“, одговори Спасовски.

Од претходната недела Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го истражува случајот со Спасовски. Обвинителството на Вилма Русковска зело документи од МВР за да се провери зошто техничкиот центар не бил веднаш затворен, но детали не се откриваат.

„Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов не можат да се споделат повеќе детали…“, наведоа од Обвинителството.

Во исто време, во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е предистражната постапка која се однесува на евентуални други пропусти од институциите надлежни да ја контролираат работата на „ВИА Комерц. Спасовски денеска првпат јавно проговори за случајот со техничкиот центар, а прашањата испратени од Алсат уште од јануари, МВР ги нема одговорено до ден денеска.

Инаку, Спасовски уште во август 2021 година дознал за неправилностите на центарот, но одлуката за негово затворање дошла дури откако се случи несреќата на „Беса Транс“. Во истрагата на бугарското обвинителство пак, како главен причинител за трагедијата беше посочено невниманието на возачот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button