ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Драма на небото над САД, на авион му падна дел од капак на моторот

Авион „Боинг 737-800“ на „Саутвест ерлајнс“, кој летал за Хјустон, безбедно се вратил на меѓународниот аеродром во Денвер, откако капакот на моторот одлетал и удрил во крилото, соопшти американската Федерална управа за авијација.

Агенцијата соопшти дека ќе го истражи случајот.

Во аудиото од контролата на летање, еден од пилотите се слуша како вели дека „неколку патници и стјуардеси слушнале дека нешто силно удрило во крилото“.

Од компанијата изјавиле дека нема повредени патници и членови на екипажот. Тие им се извинија на патниците за непријатностите што ги доживеаја и за доцнењето на летот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button