СПОРТФУДБАЛ

(ВИДЕО) Го имаме ли веќе најубавиот гол за оваа година?

Топката го најде патот до мрежата, а никој на теренот не можеше да претпостави дека некој од таква позиција воопшто ќе шутира на тој начин.

Сепак, бразилскиот фудбалер Рожеиро размислуваше поинаку и се реши за спектакуларен удар надвор од казнениот простор и – погоди!

Во мечот од 32. коло, Хувентуд триумфираше со 2: 1 против Понте Прето, а голот на натпреварот, но и на целата лига го обележа Рожерио. Имено, иако му беше свртен грбот и беше на околу 19 метри од голот, тој избра ножички и го совлада голманот.

Играчот, вреден само 600.000 евра, се проби на насловните страници на спортските портали ширум светот, а можеби на крајот на својата кариера ќе добие значителен ангажман, иако има 31 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button