ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Викендов посвежо и променливо облачно, со локални врнежи

Времето попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Како што информираат од УХМР, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град, повеќе услови ќе има во источните делови.

Во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има врнежи од снег.

Утре ќе дува силен југозападен ветер, а попладне на места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button