ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Димитров утре во Мадрид на дискусија за европската перспектива на регионот

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров  утре во Мадрид биде говорник на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ.Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, преку учеството на Димитров заедно со државниот секретар за ЕУ на Шпанија и претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот, ќе биде дискутирана европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата.Настанот е во организација на Кралскиот институт Елкано, Бледскиот стратешки форум, Амбасадата на Словенија во Шпанија и Фондацијата „Карлос де Амберес“ при што предвидена е и сесија на истакнати академски експерти од областа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button