ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата почнува со кампања „Вакцинирај Cе“

Да го спречиме губењето нови човечки животи, да ги вратиме насмевките на нашите лица, да ги одмориме лекарите, болничарите и медицинските сестри, повторно да одиме на културни настани и спортски натпревари, да го вратиме животот повторно во нормала. Ова се само некои од пораките на владината кампања „Вакцинирај се“ што почна денеска и ќе трае во наредните неколку месеци.
Како што соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, промовирајќи ја кампањата, целта е и спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста.

Заев и Филипче уште еднаш апелираа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат единствен начин за надминување на пандемијата, за спас од тешките форми на КОВИД и од смртен исход.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button