ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владиниот портпарол без детали околу наводите за размена на документи меѓу Скопје и Софија

Контактите и размените на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек бидејќи двете страни се вложени во изнаоѓање решение, рече владиниот портпарол Душко Арсовски, во одговор на новинарско прашање во врска со наводите за размена на документи меѓу Скопје и Софија, со цел  надминување на спорот наметнат од Бугарија

„За С. Македонија и за Бугарија е важно да продолжи европската интеграција на регионот. Од тука со оптимизам гледаме на можните решенија кои истовремено ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на нашиот национален идентитет“, рече владиниот портпарол, Арсовски без да изнесе какви било детали околу наводите за размена на документи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button