ВЕСТИРЕГИОН

Власта и опозицијата во Србија без договор за изборните услови

Разговорите меѓу претставниците на власта и опозицијата за изборните услови завршија без договор меѓу претставниците на власта и опозицијата, соопштија претставници на опозициската коалиција „Србија против насилството“.

Мирослав Алексиќ од оваа коалиција рече дека власта не се согласила со барањето на опозицијата да се одржат и други локални избори истовремено со белградските.

„Власта избра да оди на избори без опозиција“, рече тој.

На претходната средба не беше постигнат договор, а претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, тогаш изјави дека е неприфатливо барањето на опозициските коалиции „Србија против насилството“ и НАДА да се одржат белградските и локалните избори во ист ден.

Таа рече дека владејачката коалиција прифатила две од трите барања на опозицијата – да се формира независна комисија која ќе изврши ревизија на избирачкиот список и јавниот сервис да биде подеднакво достапен за сите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button