ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за петтиот пакет економски мерки

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара во Собранието да се одржи седница за донесување на законите од петтиот пакет економски мерки.

Во изјавата на координаторот на пратеничката група меѓудругото се вели:

„Во овој момент, на оваа прес конференција позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата.

Апелираме уште еднаш, да престанат политичките игри, пазарења и тактизирања врз грбот на граѓаните и стопанството и веднаш, уште денес да се закаже итна пленарна седница на која што ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта“, рече координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button