ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација

ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација

Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден! Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација! Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50%!  Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра!

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра. Заради СДС и ДУИ секое четиричлено семејство должи по 8.000 евра! Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа. Власта ја зголеми цената на струјата за 70% од 2020 до сега! Сметка за струја од 2.000 денари во 2020 година, сега е 3.400 денари! Власта плати веќе над 200 милиони евра кон „Бехтел и Енка“, а почеток на градба на автопатите не е ни на повидок!

Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија! Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години! Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници! Со оваа власт довербата во судството е само 2%! Европски фронт на ДУИ и СДС нема затоа што внукот на Ахмети, Дрин ја купи „Соравија“ од 30 милиони без да вложи денар, велат од ВМРО-ДПМНЕ во партиско сооопштение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button