ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нарко-босовите од Грчец на слобода, Спасовски молчи

„Спасовски е заштитник на криминалци, нарко-босовите од Грчец на слобода, тој молчи“, реагираат и денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во партиската реакција меѓудругото се наведува:

Акцијата која ја најавија на фанфари, заврши како издишан балон. Нарко-босовите се на слобода, има челници во бегство, а постапка има за пар улични дилери.

Спасовски да каже кој ја пробил акцијата. Информации за акцијата немаат сите полицајци. Детали имаат лично тој и директорот на БЈБ, и уште неколку началници. Тоа значи дека кртот е во врвот на МВР или над него.

Дали дружењето на Спасовски со тие криминални структури и луѓе блиски до нив, за што видовме докази во вид на фотографии објавени на социјалните мрежи се причина  зошто нарко-босовите се на слобода?

Одговорност мора да има. Спасовски може да крие сега, но ќе дојде ден наскоро кога се ќе се извади јавно, а тогаш нема бегање, ниту криење. Тогаш ќе има одговорност. Часот чука!, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button