ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со новата еврообврзница го задолжува секое четиричлено семејство за 2.400 евра

Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ и Зоран Заев не работат ништо за доброто на граѓаните и државата. Единствено нешто за кое се способни е само да ја задолжуваат државата. За само два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра, реагираат о опозицијската ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се додава:

Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони.

Нема поминато една година од пандемијата, а Македонија е задолжена за над 1 милијарда и 150 милиони евра нов долг. Ова уште и означува дека СДСМ и Заев едно четиричлено семејство за една година има нов долг од 2.400 евра плус камати.

Граѓаните имаат се помалку пари и поголема несигурност да ги трошат, а Владата нема абер да ја стабилизира економијата, нема вакцини, нема враќање во нормала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button