ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Дебар се зголемува бројот на новозаразени, во ковид центарот пет пациенти

Во Дебар и Центар Жупа, кои со здравствена заштита ги покрива дебарската општа болница со проширена дејност, се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19, каде само во последните два дена се регистрирани 17 нови случаи.

Надлежните велат дека бројот е повисок, ако се има предвид дека добар дел прават брзи тестови во домашни услови и не се јавуваат на лекар се додека не им се влоши состојбата.

Во изминатите денови од овој месец вирусот е потврден кај 58 лица, што споредено истиот период минатиот месец е за 39 случаи повеќе. Но, покрај тоа заштитните мерки, посебно маски и одржување растојание ретко кој ги почитува.

-Моментно во ковид центарот во инфективното одделение на болнички третман се пет лица, дел од нив на кислородна поддршка. Четворица се на дневна терапија, што подразбира доаѓаат, добиваат соодветна терапија, малку одмараат и заминуваат во нивните домови. Ги замолувам граѓаните веднаш штом почувствуваат симптоми карактеристични за вирусот веднаш да се јават на лекар, изјави за МИА, Сефедин Дука, инфектолог.

Според официјалната статистика на Министерството за здравство, во двете општини, од почетокот на пандемијата до денес регистрирани се 1.567 позитивни случаи, моментно активни на болеста се 29, додека починале стотина лица.

Во меѓувреме непречено се одвива процесот на имунизација во вакциналниот пукт сместен во модуларната болница во кругот на болницата. До сега со прва доза се опфатени 8.459, со две дози

околу 8 илјади( над илјада имунизирани во пунктови во Скопје и Охрид), додека трета доза примиле 1.036 лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button