ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 23 пациенти, пуштени 15 оздравени

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button