ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, пуштени исто толку оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ. Тројца болни се примени на ТБЦ.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало  14 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 15 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button