ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Кривичен продолжи судењето за „Империја“

Со изведување на материјални докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Империја“ против преостанатите две лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица.

Во овој предмет се обвинети Цветан Панделески за „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“ и Јованчо Тасковски за „измама“.

Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт, првообвинетиот, веќе прогласениот за виновен, наведен како второобвинет во обвинителниот акт, Зоранчо Митревски и уште едно веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал.

– Тие заедно, по претходен договор, со умисла помогнати од сведок-соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4 000 000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица, стои во обвинителниот акт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button