ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Куманово приведени осомничени дилер и купувач на дрога

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово денеска во 08.00 часот ги лишија од слобода кумановците С.Т. и С.Р..

Како што соопшти МВР, при претрес извршен со судска наредба во домот на С.Т., биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, пиштол „Екол“ без дозвола, како и поголем износ на пари во различни валути, а на лице место е затекнат С.Р. при купопродажба на амфетамин.

– Лицата се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button