ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Во пораст случаите на 100-дневна кашлица во Велика Британија

Случаите на голема кашлица, наречена 100-дневна кашлица, се во пораст во Англија и Велс, а се зголемиле за приближно 230 отсто во споредба со минатата година. Ова го покажуваат бројките на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, пренесуваат британските медиуми.

„Помеѓу јули и ноември 2023 година има 716 пријавени случаи на голема кашлица, што е трипати повеќе од истиот период во 2022 година. Сепак, овие бројки остануваат пониски отколку во годините пред пандемијата“, велат здравствените власти.

Докторите ги повикуваат бремените жени и децата да се вакцинираат.

Официјално големата кашлица е позната како пертусис и е многу заразна бактериска инфекција на белите дробови и дишните патишта.

Оваа болест е најопасна кај доенчињата, наведува Светската здравствена организација (СЗО) предупредувајќи и дека луѓето со пертусис се најзаразни до околу три недели по почетокот на кашлицата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button