ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието продолженија на две пленарни седници и една комисиска расправа

Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-тата и на 91-вата пленарна седница.

Единствена неразгледана точка на дневниот ред на 66-тата седница е Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка.

На 91-вата седница има уште 12 неразгледани точки меѓу кои се четири ратификации на договори, предлог финансиските планови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и на МРТ за 2023 година, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за прашања и изборите и именувањата, пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ.

Во Собранието денеска седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се четири барања за автентично толкување на закони и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button