СПОРТФУДБАЛ

Воска Спорт успеа да го обезбеди потписот на Алекса Марушиќ

Македонскиот прволигаш Воска Спорт успеа да го обезбеди потписот на Алекса Марушиќ и за следната сезона. Тој со 13 гола е најдобар стрелец во досегашниот тек од шампионатот, а раководството на Воска го убеди да стави потпис за нова едногодишна соработка.

Од друга страна овој потпис значи дека Воска Спорт се надева на сигурен опстанок во елитата, со оглед дека странци не смеат да настапуваат во второлигашка конкуренција.

Воска Спорт е дебитантот во Првата лига, а во моментот се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 27 бода, три повеќе од Македонија ЃП која е на 11.место, кое води во понизок ранг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button