ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На некои места попладне и во вечерните часови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура денеска ќе биде од 3 до 7, а во текот на денот ќе се искачи до максимални 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button