ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Ние работиме, тие нека пеат

МЕЏИТИ: НИЕ РАБОТИМЕ, ТИЕ НЕКА ПЕАТ

„Тука се тие што наравиле за жителите на Чаир, а друго е што направиле Артан и Бујар овие пет години за Чаир. Ако направиле, и нив би ги пречекале, но за жал овие пет години немале…“, рече Изет Меџити.

Вие му се обраќате на претседателот г. Ахмети, тој вечерва ќе биде во Чаир. Дали ќе учествувате или не?

„За жал, во ДУИ има две групи, Огнената група, како што не нарече претседателот и групата на Артан или „артанистите“. За жал, после 22 години прв пат г. Ахмети зазема страна, страната на „артанистите“ и жалам што ДУИ дојде во оваа дереџе, злоупотребувајќи го својот имиџ, своето име, со кампањата „Тој доаѓа, дојде денот“. Вечерва ќе има концерт, а не собир, го донеле Илир Шаќири. Гледам дека сме направиле добро, ги натеравме министрите да се симнат во база, ги принудивме…ја заборавија песната „Не можеш да седиш со нас“ и се вратија кон ОНА. Илир Шаќири, значи вечерва ќе има концерт и целиот овој притисок врз администрацијата, притисоците, носењето луѓе од Струга, Битола, Липково, покажува дека не стојат добро и сето се прави за да направат реприза на тоа што го направивме ние пред два дена. Добро е претседателот да ја види реалноста и би било добро да го остави сами Артан и Бујар да види каква тежина имаат во Чаир“, додаде Меџити.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button