ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска променливо облачно, со сончеви периоди

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button