ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Втор ден он-лајн попис, печалбари се жалат на тешкотии во пополнување на прашалникот

Од нефункционирање на системот за он лајн регистрација, до нецелосен превод на прашалникот. Ова се проблемите со кои се соочуваат печалбарите на вториот ден од пописот. Иселениците во Швајцарија за Алсат велат дека повеќето прашања не се преведени на албански јазик. Перпарим Сабриу, од Здружението на жителите на Делогожда во Швајцарија, вели дека ова претставува проблем за иселениците кои не знаат македонски јазик и кирилско писмо.

„За нив има многу проблем, бидејќи некои страници кога се отвораат, пример во областа на образованието, се на македонски јазик, втората е етничка припадност, како што се религијата, јазикот, јазикот кој се говори дома и е на кирилично писмо“, вели Перпарим Сабриу, Здружение на жители на Дологожда во Швајцарија.

Сабриу вели дека амбасадата и другите релевантни институции не направиле некоја посебна организација за подигање на свеста на печалбарите за пописот.

„Треба да се има во предвид дека половина од Македонија е во странство, во дијаспора и ако сакаат да имаат попис, тие можат да отворат центар за повици преку амбасадите или таму кај нас во кол центар, со кои треба да работат повеќе со дијаспората. Тој што не го сфаќа пописот, треба да може да добие помош од луѓето таму“, додава Сабриу.

Печалбарот Касам Селими вели дека во преостанатиот период амбасадите треба да ги мобилизираат сите иселенички организации за да помогнат во регистрирање на дијаспората.

„Целата мрежа што ја имаат амбасадите, било да е тоа контакти на поединци, здруженија, клубови, сè што имаат за да ги информираат, треба големо подигнување на свеста. Помладата генерација кои се родени и израснати овде, за нив може да биде малку потешка и може да создаде конфузија. Јас и многу мои пријатели, го знаеме македонскиот јазик бидејќи доаѓаме со искуство од таму, изразивме подготвеност да помогнеме“, вели Селими.

Пописот на државјани на Македонија што живеат во странство започна од март, а ќе трае до 21 април.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button