РАКОМЕТСПОРТ

Второ пораз за Алкалод и втор на домашен терен

Ракометарите на Алкалоид се поразени од Силкеборг 23:31 (12:16), во третото коло во Лигата на Европа на ЕХФ. Ова е второ пораз за Алкалод и втор на домашен терен. Претходно во првото коло, Војводина победи во Скопје. Неискуството, техничките грешки и промашените седмерци, како и брилијантниот голман Леквист и левиот бек Халбак се причините поради кои Алкалоид го загуби натпреварот.

Егал се играше во првите 15 минути од натпреварот, а а потоа данскиот тим со серија 2:8, се одлепи на 8:14. До крајот на полувремето Алкалоид анулираше два гола од предноста на Силкеборг (12:16).

Рамноправо се играше и во поголемиот дел од второто полувреме, но секогаш кога Алкалоид ќе дојдеше до шанса да се доближи на три разлика, следуваше техничка грешка, промашен седмерец или ќе се испречеше голманот Леквист. Ракометарите на Алкалоид реализираа само три од сумте обиди од седум метри.

Џонов со седум и Серафимоф со пет гола беа најефикасни во редовите на Алкалоид. Кај Силкеборг голманот Леквист имаше 18 интервенции, Халбак постигна девет, а Балинг седум гола. Во вториот натпревар од оваа група Ла Риоха во Нови Сад ја победи Војводина со 25:24.

“Секогаш можеме да играме подобро. На моменти изнудувавме грешки од противникот, а и Трајкоски беше на нивото и бранеше. Им кажав и на тајм-аут, кога ќе се одбраневме се гледаше товарот и психолошкиот притисок кога трчавме контра. Домашниот терен е притисок повеќе, во Шпанија игравме подобро во овој сегмент. Секој сака да го даде максимумот, ама ова е млад тим и треба да научи да го контролира мотивот“, изјави Лазаров.

Следниот натпревар на Алкалоид во Европа ќе биде гостување кај Силкеборг во Данска. На табелата во Ф групата Силкеборг и Војводина имаат по четири бода, Ла Риоха три, а Алкалоид еден бод.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button