ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За вработените во здравството 8 Март беше обичен ден

За вработените во здравството 8 Март беше обичен ден

Додека некои жени протестираат или слават за 8 март, здравствените работници во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје Меѓународниот ден на жената го поминаа како обичен ден. Имаше само една разлика – добија цвеќиња од своите колеги или членови на семејството.

„Завршивме со работните задачи, сега дома исто како и секој ден, да се јаде. Не, нема да излезам. Имам други обврски, ќе ги чекам децата за ручек…. Ова е од доктори специјалисти, јас сум на пластична хирургија. Ни обрнаа внимание на целиот персонал од женскиот дел, другиот дел е за деца. На хирургија сме, работата нормално врви, служба си е служба, дружба си е дружба, се почастивме со цвеќиња и кафе“, рече  еден Здравствен работник.

„Не беше лошо, имаше работа како и секој работен ден, со малку повеќе внимание од сите. Дали целиот женски медицински персонал работеше?
Да, ние сме главно сестри, повеќето лекари се жени, така што беше добар ефективен работен ден“, нагласи Здравствен работник.

Немаше празник ниту за жените кои беа во дворот на болницата и наместо цвеќе, во рацете држеа свеќи, молејќи се за своите болни членови од семејството.

„Во моментов дојдов кај сестра ми која беше оперирана и чекаме информации да видиме како помина. Не е важен празникот, важно е здравјето на луѓето“, рече еден граѓанин.

„Само чекаме да биде жива и здрава, ништо друго“, додаде друг граѓанин

8 Март во некои држави во светот се слави и како национален празник./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button