ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Бугарија има уставна можност да носи одлуки и за време на техничка влада

Бугарија има уставна можност да носи одлуки и за време на техничка влада, рече денеска премиерот Зоран Заев изразувајќи надеж дека во следниот период претставниците на техничката влада во Софија ќе донесат одлука за повлекување на блокадата за одржување на првата меѓувладина конференција.

„Мене ми е важно да се охрабрат затоа што уставно имаат можност и за време на техничка влада да донесат одлука, тоа е тоа што го очекуваме“, рече Заев додавајќи дека заложбите треба да продолжат во насока на остварување можност за уште подобра соработка меѓу двете земји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button