ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Родителите кои сакаат да ги вакцинираат децата ќе треба да закажат он-лајн

Вакцинирањето на децата, за разлика од возрасните, ќе треба да се закаже на сајтот vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, пријавувањето почнува денеска, а ќе се одвива до четврток кога заинтересираните ќе го добијат термините за вакцинирање.

„Вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи што значи дека родителите и старателите ќе може да ги регистрираат и од петок ќе започне апликацијата на вакцините“, појасни Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button