ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ниту денеска не се појави во јавноста, а за понудените оставки ќе одлучува подоцна

Трагедијата во Тетово од почетокот ја придружува недостиг на транспарентност од страна на властите. Истото продолжи и денеска. Премиерот Зоран Заев од ноќта на трагедијата се крие од одговорност и транспарентност пред новинарите и јавноста. Дури денеска тој одлучи да ѝ се обрати на јавноста, но преку соопштение и тоа во врска со оставките на раководителите на тетовската болница и министерот Филипче. Но, тој наведе дека нема да донесе одлука без да ги види резултатите од истрагата. Во соопштението Заев не зборува за морална одговорност.

„Мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага. Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки. Најавувам дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговарам на сите прашања од медиумите“, порача Заев.

Претседателот Стево Пендаровски пак, синоќа во емисијата „360 степени“ на Алсат зборуваше за кривична и морална одговорност.

Писмото на премиерот Заев доаѓа три дена по трагедијата во Тетово. Таа ноќ Заев и некои министри со часови беа во Тетово, избегнувајќи транспарентност иако најавуваа дека наскоро ќе излезат со изјави. Но, тоа се случи дури 15 часови после настанот, додека понудените оставки дојдоа два дена подоцна. Претходно ноќта кога се случи пожарот, функционерите рекоа дека не е време за оставки.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button