ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за попис пред Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на македонското Собрание денеска претпладне ќе го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка. Овој предлог со кој пописот би се одржал од 5 до 30 септември вчера беше поддржан од Комисијата за европски прашања.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ изјави дека имало повеќе од 100 амандмани од Алијанса за Албанците и Алтернатива, но оти не биле уредно доставени. Три амандмани кои уредно биле доставени од Левица, како што рече тој, не биле поддржани од членовите на Комисијата без ниту еден глас „за“. Според Адеми, постои можност денеска да се одржи пленарна седница за одложување на пописот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button