ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жан Митрев на распит во обвинителство, бил повикан по допрен глас

Жан Митрев на распит во обвинителство, бил повикан по допрен глас

Од Обвинителството велат дека Жан Митрев бил уредно поканет да даде изјава во врска со случајот за лекување пациенти со ковид-19 за кој објави ИРЛ. Докторот уредно одговорил на поканата и пристигнал во просториите.

Од Основното јавно обвинителство за Плусинфо потврдија дека д-р Жан Митрев е повикан на распит во врска со случајот за лекување пациенти со ковид-19 за кој објави ИРЛ.

– По објавувањето на сторијата на ИРЛ за лекувањето на пациенти со хемофилтрација, од ОЈО беше одлучено по допрен глас доктор Жан Митрев да биде повикан на распит – велат од ОЈО за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека д-р Митрев бил уредно поканет да дојде во Обвинителство и да даде изјава во врска со овој случај, на која тој уредно одговорил и пристигнал во просториите.

Според нашите информации информативниот разговор со д-р Митрев е сѐ уште во тек, а го води обвинителот Гаврил Бубевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button