МАКЕДОНИЈА

Жичарницата на Водно не работи и покрај олабавените КОВИД мерки

Жичницата на Средно Водно не работи, а надлежните не знаат ниту кога ќе биде пуштена во употреба.  Оваа табла ги известува посетителите на Средно Водно дека со неа  не можат да се искачат на врвот на планината. Граѓаните велат дека очекувале по олабавување на рестриктивните  ковид – мерки, жичницата да профункционира.

 

„Па тоа дојдовме да видиме дали работи. – И, што видовте? – Не работи…“

„Чисто информативно беше да видиме дали работи и да прошетаме. – А, треба ли да работи? – Па, мислам да.

„Треба сега да почне заради мерките што се олабавија, треба да почне да работи“

Но се чини дека проблемот е поголем. Кабините за превоз до Водно ги нема, а допрва треба и да се сервисира – велат од ЈСП. Од таму додаваат дека се обратиле до австрискиот производител да ја провери безбедноста.

„Неопходен е комплетен инспекциски надзор, согласно пропишаните сервисни интервали и начин на одржување на објектот. Всушност, побаравме согласност за нејзината функционалност и безбедност и евентуално дијагностицирање на потребни сервисни активности. Почната е процедура за обезбедување на неопходните активности од страна на австрискиот производител“, велат од ЈСП – Скопје

Жичницата не работи повеќе од една година. Превозот беше прекинат од лани во март кога беа воведени рестриктивните мерки за заштита од ковидот. Од тогаш се укинати и автобуските линии кои возеа до Водно. Од ЈСП велат дека автобуските линии ќе се вратат кога ќе проработе жичницата. Кога ќе биде тоа, и колку  долго ќе трае сервисирањето надлежните не кажуваат.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button