ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зимата помина, а власта уште не формирала ни комисија за дополнителни субвенции за греење

Владата оваа зима не успеа да го прошири опфатот на граѓани кои добиваат помош од државата за излез од енергетска сиромаштија. Регулаторната комисија за енергетика уште во декември лани побара од Министерството за труд и социјала да лоцира граѓани кои имаат ниски приходи и проблеми со плаќањето на сметките, а потоа Министерството за економија да подготви измени во Законот за енергетика. А, сега, речиси пет месеци подоцна, од Министерството за труд и социјала, за Алсат не одговорија зошто оваа мерка доцни? Наместо тоа, нè упатија одговори да бараме во Министерството за економија. Од таму ни соопштија дека допрва ќе се формира работна група која ќе работи на оваа проблематика.

„Ќе се формира работна група… со цел преку вкрстување на податоците со кои располагаат повеќе институции и да се пристапи кон дефинирање на нов модел на ранливи потрошувачи на енергија…“

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека не знаат која е причината зошто цела зима не биле подготвени законските измени.

„Повеќе не треба парите да се префрлаат кај граѓаните, бидејќи не знаеме дали се користат за намената за што ги добиваат, па нашиот предлог е јасен и конкретен: или граѓаните да добијат ваучер кој ќе го искористат при плаќањето на сметките за електрична енергија или пак од буџетот на државата да се префрлат соодветни средства на универзалниот снабдувач, за конкретно броило и така да се намали таа сметка за струја на тоа домаќинство.“

Иницијативата на регулаторот е освен приматели на социјална помош кои досега добиваа по 1.000 денари за плаќање на сметката за струја во месеците кога е грејната сезона, поволности од државата да имаат и други сиромашни домаќинства. Станува збор за оние без вработени членови, за семејства со еден вработен, корисници на паричен надоместок од Агенцијата за вработување, вработени со минимална плата, пензионери со минимална пензија, семејства кои финансиски се погодени од ковид кризата. Податоците велат дека пред пандемијата имало 27 илјади семејства приматели на социјална помош, сега бројот е зголемен и изнесува 32.500 домаќинства.

Ile Petrevski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button