СВЕТ

Зошто на Украинците и на Русите им е важен нефукнционалниот Чернобил?

Руските и украинските сили се бореа во четвртокот за да го контролираат Чернобил, сè уште радиоактивното место на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

„Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година“, рече во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Но, зошто некој би сакал нефункционална нуклеарна централа опкружена со километри радиоактивна земја.

Одговорот е во географијата: Чернобил е на најкратката рута од Белорусија до Киев и е најлогичната линија на напад на руските сили.

Со заземањето на Чернобил, велат западните аналитичари, Русија едноставно го користи најкраткиот пат за да стигне до главниот град на Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button