МАКЕДОНИЈА

19 санкции за недавање предност на пешаци на територија на СВР Тетово  

Денеска (2 февруари) од 14 до 17 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците.Во контролата, откриени и санкционирани се 19 возачи (ТЕ-15 и ГВ-4) кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите им се изготвени поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.Во акциската контрола биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-13 и ГВ-3). СВР Тетово ќе продолжи со вакви активности и во наредниот период и апелира до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button