ЕКОНОМИЈА

Глигорова: Граѓаните да веруваат на официјални податоци од Народната банка, не на шпекулациите

Конкретните показатели докажуваат дека во земјава банкарскиот систем е стабилен, тврди во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Викторија Глигорова од Секторот за супервизија во НБРМ. Запрашана за појаснување по шпекулациите во јавноста дека иднината на некои од банките во земјава е доведена во прашање, Глигорова вели:

„Во името на Народната банка, би сакале да упатиме апел до граѓаните и до компаниите, да веруваат на официјалните податоци за работењето на банкарскиот систем кои редовно се објавуваат од Народна банка и на податоците на поединечните банки, кои тие самите ги објавуваат за своето работење“, порача Глигорова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button