ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АА: Владата лошо ја менаџира ситуацијата со ковид 19

Алијанса за Албанците ја обвини Владата, односно Министерството за здравство, дека лошо ја менаџира ситуацијата со ковид 19, додека здравствените комисии ги нарече комисии кои служат на политиката, а не на здравјето. Ситуацијата со короната е последица на лошото менаџирање- изјави Беким Татеши од Алијанса за Албанците.

„Ситуацијата ескалира во секој град, затоа ние како коалиција апелираме до владата да воспостави мобилни тимови за вакцинација. Да им се даде правото на матичните лекари да ги вакцинираат своите пациенти како и градовите покрај здравствените центри да имаат точка за вакцинација на плоштади, така што можноста за ширење на вирусот значително да се минимизира и да се постигне побрзо до посакуваниот колективен имунитет. Граѓаните треба да ја знаат вистината. Каде се протоколите за лекување на ковид 19, зошто не одговарат на прашањата на специјалистите за индикациите за вакцинација. Зошто кампањата за имунизација е анемична, зошто Комисијата за заразни болести дава препораки кои не одговараат на оние на СЗО?„, изјави Беким Татеши- АА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button