ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АХВ: ВМРО шири паника, храната е безбедна

Зеленчукот и овошјето во земјава се безбедни за јадење, и во нив нема присуство на тешки метали. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека контроли и се прават редовно како на увезените така и на домашните производи. На обвинувањата од страна на опозициската ВМРО- ДПМНЕ дека во промет е пуштен зеленчук кои содржи метали, директорот Николче Бабовски вели дека размислуваат да поднесат кривична пријава за ширење на лажни вести.

„Сите овие резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали сите се негативни. Не знам која беше целта кај граѓаните да се шири паника со негативни резултати. Изгледа при брифирањето некој некого излажал зошто ако видите ќе видите некој помешал микро и милиграми.Последен пример беше овошје портокал од Египет кои дадоа позитивни резулатите на резидуми пестициди тие не се воопшто дозволени да влезат во промет во државата“, рече Бабовски.

Според Бабовски менаџментот на агенција во наредните денови ќе одлучи дали кривично ќе го гони претседателот на комисијата Цветан Трипуноски за ширење на паника и лажни вест.Трипуноски на социјалните мрежи најавата за кривична пријава ја нарече замајување на јавноста, и дека присуство на пестицииди има во зелечукот.

„Додека Бабовски и останатите околу него сакаат да ја замајат јавноста од детектираните присуства на резидуи од пестициди во храната од неживотинско потекло, добро е Бабовски да го посоветуваат околу наодите од тестирања и начинот на прикажување во истите. Поднесување кривична пријава само говори за вашиот очајнички обид да се извлечете од овој мега скандал , но нема да успеете!“, рече Цветан Трупуноски, претседател на Комисија за земјоделство на ВМРО- ДПМНЕ.

Пред неколку денови Трипуноски, обвини дека според Агенцијата за храна и ветеринарство и министерството за земјоделство свесно во промет пуштиле зеленчук кои имаа присуство на тешки метали како олово, арсен и кадмиум сите штетни за човековото здравје.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button