ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Актуелниот претседател и претходниците го критикуваа напредокот на земјава изминатите децении

30 -годишнината од независноста Македонија ја дочекува политички поларизирана, економски слаба и национално ранлива. Ова беше заклучок на претседателот и поранешните претседатели во рамките на научниот симпозиум на 30 -годишнината од независноста. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека политичката поларизација мора да заврши со национален консензус.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов изјави дека 30 -годишнината од независноста, земјата е 30 -та членка на НАТО, но и дел од групата земји со хибриден режим. Според него, загрижува недостатокот на млади луѓе во државата.

Поранешниот премиер и поранешен претседател Бранко Црвенковски, зборувајќи за Договорот од Преспа и оној со Бугарија, рече дека првиот договор решил проблем, додека оној со Софија создал нови проблеми. Според него, нивото на корупција е повисоко од било кога и крајно алармантно.

Во рамки на на академскиот состанок се зборуваше и за предизвикот од климатските промени, технолошкиот развој и ефикасното управување со пандемијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button