ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанска опозиција: „ДУИ се забавува, а граѓаните немаат за брашно“

Албанска опозиција: „ДУИ се забавува, а граѓаните немаат за брашно“

Според Алијанса за Албанците, најавените концерти и прослави на ДУИ претставува исмевање и навреда кон граѓаните. Од албанската опозиција коментираат дека државата стагнира, живее со неуспеси и со сè потежок живот, а ДУИ се забавува и се весели. Од движењето Беса пак, бараат ДУИ да каже од каде им се парите со кои ќе ги плаќа трошоците за прославата.

„Го изгубиле контактот со реалноста како резултат на долгогодишното владеење. Не знаеме што слават. Го слават ли масовниот егзодус на граѓаните, особено на младите? Дали ја слават институционалната дискриминација? Дали ја слават екстремната сиромаштија? Го слават ли енормниот пораст на цените? Дали ги слават неуспесите и во регионалната и во меѓународната политика? Тие можат да слават и да прават свадби. Но, ова е доказ дека многу малку или воопшто не ги земаат предвид животите на граѓаните, туку приоритет над сè им е индивидуалниот и партискиот интерес“, изјави Елми Азири, пратеник на Алијанса за Албанците.

„Албанската партија ќе ја прослави 20-годишнината од основањето со мега концерт со албански пејачи што ќе ги чини илјадници евра. Нивна обврска како политички субјект е да покажат со какви пари ќе ги платат пејачите во оваа светска криза со астрономски цени. Овој политички субјект наместо да ги користи своите пари за ублажување на кризата за граѓаните, тие ги користат за забави, знаејќи дека повеќето од граѓаните немаат пари ни за вреќа брашно“, велат од Движењеto Беса. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button