ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АНБ не кажува зошто и понатаму одбива барања за државјанство

Американскиот Стејт департмент во својот годишен извештај стави посебен акцент на неспроведувањето на Законот за државјанство донесен во 2020 година со што се олеснија процедурите за добивање државјанство. Според извештајот, покрај застојот во спроведувањето на законот, стотици лица во земјава сè уште немаат државјанство зашто немаат изводи од матичната книга на родените. Над 200 лица остануваат „фантоми“.

Стејт департмент на САД:

Законот за државјанство заостанува во спроведувањето
519 лица без државјанство или извод од матична книга на родени
200 правно непознати лица

Но и покрај ваквите забелешки, Агенцијата за национална безбедност и денеска, како и многу пати досега, нема одговор зошто се доцни со барања за државјанство и зошто се даваат негативни одговори. Институцијата која го проценува степенот на ризик за лицата кои бараат државјанство во С Македонија денеска немаше одговор на прашањето на Алсат колкав е бројот на позитивни мислења од 15 декември 2022 до 15 март 2023 година, период кој се однесува на новиот директор, Жарко Милошевски, а колкав е бројот на барања што остануваат во процедура како резултат на непостапувањето на поранешниот директор Виктор Димовски? До сега не добивме одговор.

Во последно време, по трет пат државјанство не доби Мирвете Лимани, жителка на Сопот во Куманово, сопругата на Шабан Лимани, поранешен војник во три војни на ОВК и ОНА. Во оправдувањето што семејството Лимани го добило од МВР на 17 март, се наведува дека Мирвете Лимани не ги исполнува законските услови за државјанство и оти нејзиното барање е одбиено. Неофицијално се дознава дека стотици барања за државјанства се заглавени во фиоките на АНБ, голем дел од нив наследени од поранешниот УБК и од времето на Димовски, кој го продолжи трендот барањата за државјанство да се одбиваат поради опасност кон државата.

Инаку, во извештајот на американскиот Стејт департмент не се споменува скандалот со издаденото државјанство за рускиот шпион и украински олигарх, Олександер Онишченко.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button