ЗДРАВСТВО

Андоновски: Промена на актите на ФЗО за животозагрозувачки пациенти

Заменикот народен правобранител Јован Андоновски очекува Второстепената комисија во Фондот за здравствено осигурување да ја промени одлуката и да одобри средства за третманот на младиот Леонид Индов во Австрија. На семејството му се потребни 140 илјади евра, кои од Фондот не беа одобрени, иако пациентот со медикоптер беше превезен во Виена. Од Правобранителството истакнаа дека ќе поднесат иницијатива за промена на законите што ја регулираат оваа материја. Според заменикот Андоновски, постојат дузина случаи во кои Фондот не овозможува соодветен третман за своите осигуреници, а нив состојбата им останува иста или пак се влошува.

„Најавивме иницијатива и на неа ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти на Фондот за здравствено осигурување, коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, да не се категоризираат предметите само според тоа дали станува збор за лекување или за рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба“, рече Јован Андоновски – заменик народен правобранител.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button